ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања.

Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и на делегатите. Конгресот во 12 часот ќе го отвори Ѓорѓи Сајковски, а претседавач на работното претседателство ќе биде Александар Николоски.

После тоа ќе следи затворен дел, на којшто ќе присуствуваат само делегати. Од 16 до 17:30 часот ќе биде паузата за гласање, по што е предвидено обраќање на новиот претседател на партијата.

Досега за претседател на партијата е поднесена само една кандидатура, и тоа на актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, а рокот за поднесување кандидатури е до самиот Конгрес.

Се очекува на Конгресот Мицкоски да најави сериозни кадровски освежувања што ќе се случат по Конгресот, во согласност со новите политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на новата доктрина, која, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде нова водилка на партијата во наредниот период, и која ќе биде разгледана на Конгресот, неофицијално ќе стои дека „основна цел на ВМРО-ДПМНЕ во овој временски момент, е кај граѓаните да ја возобнови надежта дека може да се живее добро дома во Република Македонија“.

Во доктрината натаму, неофицијално ќе стои, „секој обид за отворање дискусија, на билатерален или мултилатерален план, околу идентитетските прашања и карактеристики на македонскиот народ, по автоматизам води кон пробламатизирање на македонската самобитност и единственост. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за праведноста и почитта кон македонскиот народ и држава во меѓународните односи“.

Како што посочија од ВМРО-ДПМНЕ, за време на Конгресот ќе се почитуваат строгите КОВИД протоколи, а на самиот влез ќе се проверува вакцинален сертификат или негативен тест на сите присутни.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски