ВМРО-ДПМНЕ: На милионерот Каевски не му значи што народот плаќа 30% поскапа струја

Од:

„Каевски не ја разбира сиромаштијата во која живее народот, затоа што е милионер. Каевски на триесетина година има 4 милиони на сметка и стан од 62 м2“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски.

„Во исто време додека Каевски е функционер. Фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра.

А додека функционерите на СДС се богатат над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден и не можат да платат сметки.

Со СДС народот плаќа 30% поскапа струја, а владата за една година префрли 200 милиони евра на ЕЛЕМ, ете толку се успешни.

Не разбирливо е што сака СДС да постигне со лагите кои секој ден ги повторуваат, кога секој еден граѓанин кога ќе ја погледне сметката гледа дека плаќа 30% поскапа струја. Ниту 1000 пати да кажат дека струјата не поскапела, нема да ја сменат реалноста дека поскапела и дека народот едвај плаќа сметки.

ЕЛЕМ едвај ги покрива потребите на регулираниот пазар, а потребни беа како што и самиот Ковачевски призна 200 милиони евра од државата за нормално функционирање на претпријатието.

Во однос на гасот, СДС подобро да молчи зошто 4 месеци плаќаа цени поголеми од берзанските, во услови кога можеа да платат цени и двојно помали од берзанските.

Колку се способни за енергетика гледаме и од хавариите во РЕК Битола и битуменизираните котли заради несоодветниот јаглен кој го увезуваат фирми блиски до власта.

За разлика од нив, кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски управуваа со енергетскиот сектор цената на струјата се намали, што се бројки кои сите може да ги видат, а производството на струја од домашни капацитети беше значително поголемо“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање