ВМРО-ДПМНЕ: На криминалците местото им е во затвор, а не во политиката

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминалната врхушка во врвот на СДС безсушно лажат и ја манипулираат македонската јавност.

Аболицираниот криминалец Заев е човекот кој ја отвори „Пандорината кутија“ на „Големо Албанските“ аспирации во регионот.

Аболицираниот криминалец Заев со неговите изјави во Берн сакаше жива да ја закопа Македонија.
Аболицираниот криминалец Заев само за да дојде на власт ја прифати Тиранската Платформа во целост, тоа го потврди лично Мухамед Зекири од СДС, тоа го потврди и Бујар Османи од ДУИ и Зијадин Села од Алијанса на Албанците.

Реализирањето на Тиранската Платформа значи целосна двојазичност на Република Македонија, промена на знамето, химната и грбот, промена на името по грчки терк и федерализација на државата, што во последна фаза ќе значи нејзино растурање.

Заев од страв да не му се налути Села, човекот од кој му зависи парламентарното мнозинство, не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од Еди Рама и Дитмир Бушати, творците на Тиранската Платформа.

Заев молчешкум ги проголтува и сите антимакедонски изјави на Села, од тоа дека македонската нација не постоела, дека не ги признава знамето и химната и истите сака да ги смени, па се до изјавата дека ќе ги брка од работа Македонците од Струга и Гостивар.

Заев не смее да ги осуди изјавите на Зијадин Села и тоа е ФАКТ, Заев е исплашен криминалец кој зависи од аминот на Села за Влада, во која гледа спас за сторените криминали.

Заев е пропаднат до гуша во долгови спрема нарко-мафијата и неговите истомисленици од надвор со кои сакаат да ја разнебитат Македонија, таа опасност е реална и колку и да сака Заев да ја релативизира граѓаните не му веруваат.

Граѓаните нема да му го дозволат тоа. На криминалците местото им е во затвор, а не во политиката, аболицираниот криминалец Заев и криминогената врушка во врвот на СДС ќе одговараат за своите криминали“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Драган Данев.
.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника