ВМРО-ДПМНЕ: На ДУИ и СДС поважни им се црните бизниси, отколку реформи, затоа извештајот на ЕУ е најлош во историјата

Од:

Македонија прв пат во историјата доби извештај, во кој ЕУ заклучува, дека нема напредок на државата во скоро сите полиња, а најлоша е состојбата во судството, владеењето на правото и распространетата корупција, во сите сфери на општеството. Коруптивните Ковачевски, Ахмети, Груби и останатите функционери на ДУИ и СДС, место да спроведуваат реформи, во меѓувреме си тераа милионски бизниси за нив и нивните роднини и мува не ги лазеше за Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледаат до крајот на нивниот мандат, само да се нафатираат уште колку можат, на грбот на народот, да изнакупат, што повеќе имот во центарот на Скопје, да ги прошират своите бизниси, но и да спроведат нов арач за лојалните и чесните компании. Единствен излез за државата и граѓаните се следните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи сите нив заедно на куп, со огромна разлика и ќе почне Македонија да се враќа на правиот пат“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито