ВМРО-ДПМНЕ: На денот кога пратениците на СДС гласаа за потреба за носење на закон за двојазичност, Заев говори за некаква грижа за македонскиот јазик

Од:

„Дрско лицемерие е тоа што на истиот ден кога пратениците на СДС во Собранието гласаа за потреба за носење на противуставен закон за двојазичност во целата држава, Зоран Заев говори за некаква лажна грижа за македонскиот јазик.

Ако Зоран Заев вистински се грижеше за зачувување на македонскиот јазик како силно идентитетско обележје на македонскиот народ јавно го повикуваме парламентарното мнозинство на СДС да гласа против неуставниот закон за двојазичност во државата и да не се ратификува договорот со Бугарија со кој јавно се откажа од македонскиот јазик.

Заев е личноста која јавно се откажа од македонскиот јазик и истиот во договорот кој го потпиша со Бугарија го дефинираше како јазик според Уставот на Република Македонија.

СДС со законот за двојазичност, кој е антиуставен и надвор од законот го деградира македонскиот јазик, неговата употреба и етапно го уништува истиот.

Наводната грижа на Заев за македонскиот јазик е само димна завеса за распродавањето на државните и национални интереси, со кои владата тргува пред се со неуставниот закон за двојазичност кој упорно се турка во Собранието, промената на името и наоѓање на ново име на државата за чие изнаоѓање самиот премиер се пофали дека работи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев дадена при посетата на Институтот за македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

„Левица“ поднесе кривична против Гаши, СДСМ не се откажува од законот за бранители, ВМРО-ДПМНЕ велат презеле чекори да се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Таравари потврди дека Мицкоски ја партизира АНБ вели СДСМ, помалку да пиете од апчињата за заборавање одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата

Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави партиски функционер како Виктор Димовски

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски