ВМРО-ДПМНЕ: На 12 април народот одлучува помеѓу Заев и Македонија

Од:

„Со СДСМ и Зоран Заев Македонија доживува само порази, а граѓаните се разочарани и чекаат ден да си заминат од државата.

Апатијата кај луѓето е резултат на лошите политики во изминативе 2-3 години спроведувани од Зоран Заев.

Зоран Заев ветуваше дека ќе врати 600.000 иселени млади. Три години е на власт, еден човек нема вратено во државата, а дополнително нови се иселуваат. Над 75% од младите кои живеат во Република Македонија се несреќни што живеат овде, а половина од нив преземаат конкретни чекори да ја напуштат државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ вети подобро образование, а најдобриот универзитет во државата, Св. Кирил и Методиј е на 1816 место на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Универзитети од Африка се пред нас.

Заев вети нови работни места и 500 евра плата, 300 пилоти и што ли уште не. Ги понижи младите и нивната интелигенција.

СДСМ вети живот за сите, а гледаме три години само како се вработуваат децата на функционерите.

Три години гледаме само неуспеси. Три години гледаме само порази. Лошите политики мора да завршат. Апатијата мора да исчезне.

На 12 април народот одлучува помеѓу Зоран Заев и Македонија. Народот ќе ја избере Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава