ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ не кажува дали има трајно уништени документи од архивата – дали ваквата хаварија прикрива нечиј криминал и злоупотреби

Од:

„Министерството за земјоделство водостопанство и шумарство премолчи и пак не кажа колкав дел од архивата е достапен после наводниот хакерски напад. Министерството и министерот Љупчо Николовски молчат и кријат дека проблемот е далеку поголем. Тие не демантираа дека се недостапни голем дел од документите од архивата, како на пример електронски податоци од фарм регистарот, регистри за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, вклучително и листа на должници. Ова се важни документи, за кои Министерството не кажува дали се зачувани или изгубени во целост или делумно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нејасните и нецелосни одговори на министерството отвораат сомнежи и прашања. Дали наводниот сајбер напад трајно уништил документи и податоци? Колкава штета ќе имаат земјоделците од ваквата хаварија? Дали од ваквата хаварија некој има ќар бидејќи на тој начин се прикривани злоупотреби и криминали?

Антимакедонската СДС се што фати запусти. Тоа мора да престане. За сите дубари на власта на СДС мора да има одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски