ВМРО-ДПМНЕ: МВР наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните, претворена е во партиска полиција на СДСМ

Од:

СДСМ, Ковачевски и Спасовски секојдневно го допираат дното во секој поглед. Класичен пример за допрено дно во безбедносен систем е ставањето на МВР во улога на партиска полиција велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Срамно е кога секојдневно има по десетици дојави за бомби низ институции и објекти, СДСМ да ги користи ресурсите на полицијата за своите партиски настани цели 24 часа однапред. Додека по цели денови се необезбедени училишта, градинки, трговски центри и многу други институции каде што учат деца и се движат граѓани, СДСМ полицијата ја користи за партиски активности. На СДСМ, Ковачевски и Спасовски, заедно со своите партиски послушници во МВР, поважна им е безбедноста на партиските настани, отколку безбедноста на граѓаните. Несериозноста на оваа неспособна власт ги доведе граѓаните да не се чувствуваат безбедно во својата држава се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците