ВМРО-ДПМНЕ: Прославата на Арсовска скопјани ги чинеше нула денари

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на Мартин Попов од СДСМ.

„Новогодишната прослава чинеше за 100 илјади евра помалку од таа што Шилегов ја направи на криминален начин и за која ДКСК покрена иницијатива за разгледување.

Прославата на Арсовска скопјани ги чинеше нула денари, за разлика од тие кои ги организираше најбогатиот градоначалник во Европа, Петре Шилегов.

Од ваквите автоголови и лаги на СДСМ, и Мартин Попов кој што го пуштаат очигледно низ вода, на јавноста и е преку глава.

Но, прашањето на кое требаше да одговори СДСМ денес е:

Како граѓаните да го преживеат новото второ поскапување на струја од над 15 проценти?

Новото поскапување на парното греење за 14,05 проценти?

И новото поскапување на метанот за 120 проценти?

Веројатно овие прашања не ги засегаат милионерите од СДСМ на кои крадените пари им се доволни, но граѓаните не може да врзат едвај крај со крај поради расипништвото на власта“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме