ВМРО-ДПМНЕ: Молкот за тајните средби во Софија е доказ дека квинслингот Заев преговара за идентитетот, јазикот, историјата

Од:

„Заев молчи и не кажува за што се преговара на тајните разговори во Софија овој викенд. Според нас Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство. Тоа значи дека Заев е спремен на ново предавство.

Молкот на премиерот во заминување Заев, но и на Димитров, Османи, Шекеринска, и цела влада и цел СДСМ, гласно говори дека оваа однародена власт преговара за идентитетот, јазичната и национална посебност, историјата и антифашистичките столбови на македонската државност“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на шверцерски начин сака на и онака штетниот договор од 2017-та да накалеми ново раскрчмување на националните интереси.

Самиот премиер во заминување, Зоран Заев, сето ова го навести во скандалозното интервју, а сега со молкот и сето тоа се потврдува.

Никој му нема дадено право на Заев да тргува со народот, јазикот и историјата, бидејќи тие припаѓаат на сите минати, сегашни и идни генерации Македонци и останати граѓани на Македонија. Ова не е тезга, ниту Еленица, па да ја распродава. Ова е Македонија, суверена и независна држава.

Народот остро се спротивставува и уште поостро ќе одговори на ваквите штетни и анационални политики на премиерот во заминување Зоран Заев.

Работата е дојдена до таму, или Заев или Македонија. Затоа оставка на Заев, слобода на Македонија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му