ВМРО-ДПМНЕ молчи по препораките на Венецијанската Комисија

Од:

Венецијанската Комисија како тело на Европската унија чии мислења се извршни по објавувањето го кажа своето мислење за процесот на лустрација во Македонија.

Експертите искажаа сериозни забелешки и на законското решение но и на работата на Комисијата за лустрација.

По анализата , која беше изготвена по барање на Уставниот суд, досега нити една инстанца во државата, ниту партијата на власт не се изјасни досега за ова.

Нема реакција на укажувањето на Венецијанската комисија дека лустрацијата е дискриминаторска и средство за политичка одмазда.

А1он дознава дека со препораките на Венецијанската Комисија би можело да се лустрираат само 4 лица кои се на листата на Комисијата за верификација на факти, а задве професионални лица кои работеле во службите, експертите не можат сега да се произнесат затоа што не ги поседуваат документите кои и се достапни на Комисијата.

Лица како Владимир Милчин,Ѓунер Исмаил во никој случај не можеле да се лустрираат, а Аџиев со лустрацијата на две лица, Николче Бабовски и Зоран Р. Јовановски може да одговара за дела за кои законот предвидува казна и до 20 години, бидејќи обелодени строго доверливи документи.

А1он се консултираше со експерти за оваа проблематика, кои се едногласни дека претседателот на Комисијата постапил спротивно на законот, а истото може да се однесува, велат, и на Историскиот архив.

Аџиев на на веб-страната на Комисијата, објави, документи со назнака „строго доверливо“, кои се однесуваат за временски период по 2006 година, кој не е опфатен со Законот за лустрација.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска