ВМРО-ДПМНЕ: Модуларната во Скопје прокисна, во Тетово изгоре, Филипче мува не го лази

Од:

„Модуларната болница пред Инфективната клиника е под клуч. Или модуларната во Скопје прокиснува. На почетокот на септември модуларната болница во Тетово изгоре, изгореа и 13 лица кои таму требаше да бидат излечени. Но, за ова одговорност се уште нема иако изминува и вториот месец“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто прокисунува и модуларната во Скопје во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, исто не се знае, ниту се најавува дека ќе се расчисти, односно истражи.

Местата на кои пациентите бараа или бараат спас станаа хорор.

Бројката на починати од корона е речиси седум илјади.

Но, министерот за здравство Венко Филипче наместо да се го работи тоа за што е платен од граѓаните си тераше или се уште тера кампања. На Филипче за граѓаните, за случувањата во здравството воопшто не му е гајле, мува не го лази. Ова однесување ќе биде казнето!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ