ВМРО-ДПМНЕ: МО го платило Темелко Ристески 9.384 евра за партиска агитација и пишани 10 текста на фејсбук, ДКСК да отвори истрага

Од:

Министерството за одбрана исплатило 9.384 евра на професорот Темелко Ристески за десет фејсбук статуси, два текста и телефонски разговори за агитација за парламентарните избори во 2020 година за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. СДСМ испумпувала државни пари за партиски цели тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во извештајот кој го поднел и потпишал Темелко Ристески до МО за она што сработил јасно стои дека една од обврските е вршење на партиска активност за потребите на СДСМ, агитација и напад кон политичкиот противник, и за тоа наплатил вкупно 9.384 евра. Забеганоста нема крај, додека медиумите пишуваат дека војниците јадат небезбедна храна, немаат соодветна опрема и хумани услови за работа, се испумпувале не партиски, не донации, туку чисти буџетски народни пари преку Министерството за одбрана за потребите на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Државната комисија за спречување на корупција наместо да глуми нем посматрач, веднаш без одлагање да реагира, да покрена постапка и целосно да го расветли случајот, а Телемко Ристески да ги врати парите назад. Дополнително ДКСК да испита и во кои други институции е вршена ваква исплата на буџетски пари. За овој скандал покрај политичка одговорност за сите инволвирани, мора да има кривична одговорност се вели во соопштението од опзициската партија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Неповолно мислење за финансиските извештати на Министерството за одбрана

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните