ВМРО-ДПМНЕ: МНР се претвори во министерство за ухлебување на блиски на функционери, затоа дипломатијата е на ова дереџе

Од:

„Бујар Османи, Ковачевски и антимакедонската СДС го партизираа МНР и затоа македонската дипломатија е на ова дереџе. Бујар Османи во стилот ем шуто, ем боде, уште ја лаже јавноста и кажува дека нововработенaта сопруга на пратеникот од СДС Мартин Костовски е неопходен кадар која имала соодветни квалификации, како да се работи за капацитети рамни на чудо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во што се состои неопходноста сопругата на пратеникот Мартин Костовски, веројатно од општинска администрација, да се презема во министерство за надворешни работи?

Кој капацитет и квалификации имаат ваквите кадри, за да имаат предност пред илјадници други млади и способни луѓе кои учеле, инвестирале во себе и се надградувале, но сепак ја немаат среќата да се вработат во МНР. Зошто не бил распишан оглас, па на тој оглас да се пријават и други, веројатно далеку поспособни кадри?

Министерството за надворешни работи стана министерство за ухлебување блиски на функционери на власта. Додека илјадници млади не може да најдат перспектива во Македонија, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија, дури десетици илјади немаат земено плата на време, власта си прави кадровски рокади и ухлебување на сопруги, сопрузи, тетки, стрини, фризерки и други ним блиски лица. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба и трговија со влијание и за ова мора да има одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ