ВМРО-ДПМНЕ: Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие

Од:

Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело. Здравјето на граѓаните е константно загрозено поради кеиминогеноста и неспособноста на власта. Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин од Србија влегле во Македонија, и завршиле по трпезите на граѓаните, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„АХВ како да не функционира. Агенцијата чека ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на дело незаконитостите, па потоа како аналитичари да констатираат дека да тоа се случило, но еве сега постапуваат. Фактичката состојба е дека не знаеме дали постапуваат, зошто ниту е објавено дека млекото е вратено, ниту дека е уништено. Дали тоа значи дека веќе е исконзумирано? Наместо да чека директорот на АХВ веднаш да си поднесе оставка, а ЈО да отвори случај“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците