ВМРО-ДПМНЕ: Младите од Прилеп ќе гласаат за иднина, развој и напредок

Од:

Црните сценарија за апокалипса на Македонија и уништување на се што е направено се единствена програма на СДСМ. Иднината на Прилеп и Македонија ја гледаат само со нив на власт, а за да дојдат до власта не бираат средства. Општинскта зграда, спомениците, парковските површини и многу други јавни и приватни објекти сведочат за уништувачката визија и начинот на функционирање на СДСМ.
Почитувани млади од СДСМ, вие малкумина кои и давате поддршка на политиката на аболицираниот криминалец Зоран Заев, да ви кажеме јасно:

– младите од Прилеп се против двојазичност, против федерализација и против уништување на градот и нашата држава.

Денес, оваа пресс конференција ја држиме токму пред општинската зграда, чија фасада е целосно уништена од неколку мина луѓе на СДСМ заради нивна забава!

Почитувани, младите од Прилеп се против ваквата деструкција и против уништување на кој и да било изграден проект кој не е во ничија лична припадност, туку е на граѓаните на Прилеп!

Младите од Прилеп јасно и недвосмислено даваат поддршка на илјадниците мерки и проекти кои се во насока на подобрување на животот на младите и развојот на Република Македонија. Младите од Прилеп даваме поддршка на изградбата на спортски сали и терени, реновирани училишта, бесплатни учебници.

Даваме поддршка за различните видови стипендии, дисперзираните студии, намалените партиципации.

Даваме поддршка за бесплатен железнички превоз. Даваме поддршка за реновирани студентски домови и бесплатно достапна светска литература. Младите од Прилеп даваме поддршка на проектот Македонија вработува во кој се предвидени посебни мерки за млади. Даваме поддршка на субвенционираното вработување на младите лица и грантови за самовработување. Поддршка за купи куќа за млади! Ние младите од Прилеп даваме силна поддршка на економската политика и програма на ВМРО-ДПМНЕ со која се отвораат нови работни места за младите од нашиот град. Ние младите даваме поддршка за развојот на Прилеп и напредокот на Република Македонија!

Токму затоа, на 11-ти декември младите од Прилеп ќе дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а силно НЕ за двојазичноста која ја најавува и веќе ја спроведува СДСМ, НЕ за федерализација на Македонија, НЕ за виткање на кичмата и променана на идентитетот на Македонија!

На 11-ти декември младите од Прилеп ќе гласаат за иднина, развој и напредок на државата на чело со ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава