ВМРО-ДПМНЕ: Местото на криминалците не им е во политиката, туку во Идризово

Од:

„СДСМ е дувло и синоним за криминалот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

Нивните соработници кои продавале кокаин се веќе во притвор, а СДСМ освен заканите кон новинарите, молчи и не одговара на прашањата кои ја интересираат јавноста.

Дали аболицираниот криминалец Заев, како докажан пријател нна подземјето, знаел дека неговите ортаци уништувале животи со години и дали чувствува барем морална одговорност?

Jавноста има право да знае дали овие криминалци биле сигурни во себе дека нема да одговараат заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали грбот на овие дилери на дрога се структурите на Оливер Спасовски или пак Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?

Дали тој или некој од врвот на СДСМ по методот „Грам за Вицето“ наплаќале за поддршката и заштитата која им е давана на нарко-групата од безбедносните структури на СДСМ?

Ниту една јавна закана на Заев и функционерите на СДСМ кон новинарите нема да го спречи излегувањето на виделина на вистината. Јавноста има право да знае за криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на СДСМ. Јавноста има право и да дознае што сака да сокрие Зоран Заев.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ