ВМРО-ДПМНЕ: Месечен надомест од 12.000 денари за обуки за жени и млади до 29 години

Од:

Владата е посветена на креирање мерки и решенија кои ќе ја подобрат перспективата и можностите на младите. Владата останува фокусирана на зајакнување на улогата на жените и младите во општеството. Оперативниот план за вработување за 2025 година опфаќа мерката обуки за жени и млади до 29 години во рок од 3 месеци со месечен надомест, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој циклус се предвидува мерката обуки со која ќе се опфатат над 2000 лица со различни профили на поддршка согласно нивните потреби, но и пазарните реалности. Првата обука којашто е наменета за невработени лица коишто се регистрирани во Агенцијата за вработување и оваа обука ќе биде кај конкретен работодавач, на конкретно работно место. Овде се вклучени се 245 лица. Приоритет имаат жени, млади до 29 години и долгорочно невработени лица. Секоја личност ќе добива надоместок од 12.000 денари месечно, за време на обуката којашто е во времетраење до 3 месеци.

Втората обука се однесува на обука за веќе побарувани занимања на пазарот на труд. Овде се опфатени 600 лица и фокусот на обуките е потврден со социјалните услуги, зелените работни места и трговијата и услугите. Исто како и во претходната и овде надоместокот ќе биде до 12.000 денари месечно. Обуки за напредни и основни вештини, се однесува на обуките коишто се за компјутерски вештини и јазични обуки и опфаќа 720 лица. Обуките коишто се однесуваат на напредни дигитални и ИТ обуки, се преку лиценцирани програми. Ќе можат да бидат опфатени и да ги искористат 470 лица, а секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат, што значително ќе ја зголеми неговата или нејзината конкурентност на пазарот на труд. Владата преку програмите за вработување и самовработување ќе ги поддржи младите се со цел да стекнат вештини кои ќе им користат во нивниот напредок и професионалната кариера, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски