ВМРО–ДПМНЕ: Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка

Од:

Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по најавените нови рестриктивни од Владата за справување со коронавирусот.

„Економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо. Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош. Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа. Доколку нема суштинака помош за бизнисот ќе следи економска катаклизам со масовни отпуштања и затворања на фирми. На здравствено поле. Лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10% од заразените да бидат лекари. Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?