ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот

Од:

Синдикалната кошничка намалена за 1.000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение. Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1.000 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година. Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните. Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена. Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?