ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија

Од:

Стефан Богоев држеше вонредни прес конференции објавувајќи дека царината запленила хартии од вредност во вредност од 92 милиони евра.

Но денеска, после само три дена од прес конференцијата на Богоев, медиумите објавија дека истите немаат никаква вредност бидејќи биле со истечен рок, а сопственикот на истите бил починат.

Всушност медиумите открија дека обврзниците за кои Богоев правеше пиар имаат вредност на тоалетна хартија.

Хартиите од вредност како акции, обврзници, записи се дематеријализирани, односно се во електронска форма. А тоа кај нас е сторено уште во 2001 година со формирањето на Централниот депозитар, така што сите видови на хартии од вредност сите се во електронска форма.

Ова само покажува аматеризам и неспособност од страна на Богоев.

Му порачуваме на Богоев наместо да држи прес конференции со кои се фали дека открил некаков криминал, енергијата да ја насочи кон работење бидејќи е платен од народни пари, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал