ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија, а понизно прифаќаат диктати од Бугарија за промена на македонскиот Устав

Од:

„Од прв ден на владата на пиунот Ковачевски продолжија националните понижувања исто како да ја води Зоран Заев. Па така и Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија и велат дека нема да се мешаат во малцинските права во Бугарија, а во исто време дозволуваат официјална Софија да им диктира промена на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во неговата преамбула“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде се Маричиќ и Ковачевски по истите принципи да побараат реципроцитет и да и порачаат на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија? Напротив, молчат и поданички се поклонуваат, а го газат и навредуваат својот народ во континуитет.

Впрочем Маричиќ може смени ресор, ама не смети табиет. Тој со акт како министер за правда го ограничи користењето на терминот Македонија за здруженија на граѓани и организации. Сега од прв ден во новиот ресор за евроинтеграции продолжува со активности кои наликуваат на ставовите на антимакедонските и негаторските субјекти од регионот.

Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, затоа мора да биде поразен на избори што поскоро“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ