ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ дозволува бугарски клубови во Македонија со навредливи имиња, а македонскиот клуб во Благоевград го навредува и нарекува приватен настан

Од:

„Бојан Маричиќ е последниот во низата функционери и министри, вклучувајќи го и Ковачевски кои не ги удостојуваат Македонците од Бугарија со присуство на отворањето на македонскиот клуб. Тие одат и чекор понатака па ги навредуваат. Изјавата на Маричиќ дека отворањето на македонски клуб во Благоевград е приватен настан и немаат должност да присуствуваат на отворањето е понижувачка, срамна и недостојна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова само покажува дека оваа влада на СДС води поданичка и предавничка политика. Ваквата изјава на Маричиќ покажува дека освен дезертерот Ковачевски, дезертери се и сите останати министри во неговата влада.

Притоа овој македонски клуб во Благоевград носи име на големиот писател и деец Никола Вапцаров, и во никој случај не е навредлив кон Бугарија како што се навредливи имињата Ванчо Михајлов и Цар Борис кои се користат во Македонија. Патем токму институциите на кои се повикува Маричиќ дозволија да се отворат бугарски клубови со вакви имиња во време кога Маричиќ го забрануваше името „Македонија“ за имиња на здруженија.

Маричиќ, Ковачевски, Пендаровски и целиот антимакедонски СДС покажаа дека не се грижат за Македонците ниту во Македонија, ниту надвор од неа. Дома народот го пљачкаат и осиромашуваат, а надвор го игнорираат и го навредуваат. Маричиќ, Ковачевски и Пендаровски се платени да ги штитат и промовираат државните интереси, а не да ја доведуваат Македонија во подредена положба.

За ова порано или покасно ќе ги стигне народната казна“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања