ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули доцна се сетил на Скопје и скопјани

Од:

Многу доцна се сетил Јани Макрадули на Скопје и скопјани, реагираат од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ на најавите на кандидатот за градоначалник на Скопје од редот на СДСМ Јани Макрадули, дека зградата на „Водовод“, која е во изградба, ќе стане центар на невладините организации ако Макрадули стане градски татко.

„Макрадули набрзина направи програма која нема реална можност за спроведување, без да ги чуе потребите на граѓаните, туку ги впишал неколкуте работи што му ги кажал неговиот партиски лидер додека организираа протести по улиците. Вели дека сака да го остави ЈП „Водовод“ без зграда. Тој вели дека е подготвен да ја отстапи новата зграда на Водовод, без притоа да каже каде ќе функционира Јавното претпријатие и дали и во иднина ќе треба да работи во субстандардни услови. Кога веќе говори за работата и поддршката на НВО-секторот, Јани Макрадули треба да има предвид дека досега градот Скопје направи толку многу колку што ниту една локална власт не направила“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат