А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонските фирми плаќаат најмали даноци во светот

by А1он18/02/2016 - 16:0997
Share0

„Македонските фирми денес плаќаат најмали даноци во светот. Со воведување на рамниот данок од 10% откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, Македонија е меѓу земјите во светот со најниско даночно зафаќање.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тоа е најголемата поддршка која фирмите можат да ја добијат од државата – ниските даночни зафаќања и одлична бизнис клима.

Македонија е 12-та најдобра дестинација за водење бизнис во светот, 6-та најдобра во Европа. Во време на СДСМ бевме на 94-то место.

СДСМ не може да се помири дека во земјата се отворени 150.000 нови работни места и има повеќе од 50 директни странски инвестиции, па стручњаците од вечерната школа на СДСМ за економија „Вице Заев“ како неуспех на владата на ВМРО-ДПМНЕ го припишуваат повлекувањето на Карфур од Балканот или тоа што некоја фабрика во Македонија го сменила сопственикот.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДСМ воопшто не го разбира концептот на ТИРЗ. За да им биде појасно, технолошко-индустриските зони се генератори на висока технологија, индустрија и на извоз – оттаму и името. Фирмите кои таму се отвораат произведуваат високо диференцирани производи наменети за извоз, без разлика дали станува збор за странски или домашни фирми, што се докажа и вчера. Влезот на oвие фирми значат работа за голем број и на други домашни фирми кои се нивни добавувачи.

Безнадежно е на економистите на Вицето да им се објаснува економија која не е во матрицата на СДСМ на задолжување и неработење.

Затоа граѓаните ќе им објаснат на 24 април зошто СДСМ губат 9 изборни циклуси по ред и зошто за СДСМ ита неизбежно 10-тиот пораз во низа“, велат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео