ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот народ има право да се изјасни преку референдум дали е за или против предавствата на антидржавната СДС

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира 150 илјади потписи за референдумско изјаснување на граѓаните со цел спречување на асимилацијата и бугаризација на македонскиот народ и држава. Македонската јавност вчера по потпишувањето на Протоколот помеѓу Македонија и Бугарија конечно имаше можност да ги види предавства на Ковачевски, Османи и Маричиќ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните имаат право да го дадат своето мислење, а со тоа да го искажат својот став во однос за овој дипломатски нокаут од трана на оваа ненародна власт предводена од предавникот Ковачевски. Граѓаните ќе го кажат својот став во однос дали ги поддржуваат оваа рамка и протокол кои значи менување на историја, учебници, култура и идентитет на државата и македонскиот народ. Референдумското гласање од страна на граѓаните не значи и повлекување од блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата на уставните измени, туку напротив и покрај блокадата на уставните измени граѓаните ќе имаат можност да го кажат своето мислење дали се ЗА или ПРОТИВ ова предавство од антидржавната СДС и предавникот Ковачевски. Овие предавства нема да останат неказнети. Предавникот Димитар Ковачевски ќе одговара за ова злодело кое и го прави на државата и македонскиот народ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?