ВМРО-ДПМНЕ: Mакедонскиот народ е разочаран заради губењето на името

Од:

„Само Зоран Заев и СДСМ може да слават дека го промениле името на државата и идентитетот. Mакедонскиот народ е разочаран заради губењето на името, идентитетот, историјата и културата, а СДСМ на чело со аболицираниот Заев слават и се гордеат дека ги продале државните и национални интереси.

СДСМ и Заев спротивно на јасно искажаната волја на македонскиот народ на референдумот тргнаа насилнички да го спроведуваат капитулантскиот договор од Преспа.

Иако не добија мандат од граѓаните за овој срамен чин тие сепак по пат на закани и уцени се пазареа со националните и државните интереси и ги променија уставното име и идентитетот на Република Македонија.

Заев викаше дека не постои човек кој ќе се дрзне да го менува името и дека промената на името е лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Се колнеше во неговите татко, дедо како и сопствените деца, но откако дојде на власт прва и единствена работа на која беше фокусиран беше како да го промени името и како да ја зацрни државата.

СДСМ и Заев покажаа дека немаат никаква врска со европските вредности. Корупцијата го достигнува својот зенит, економијата тоне, a граѓаните стануваат се посиромашни, додека функционерите од власта и нивните семејства стануваат се побогати.

Граѓаните се свесни дека ова беше власт за една намена и токму затоа нема да дозволат повеќе државата да назадува.

Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и конечно да завршат сите овие црнила и зла кои СДСМ и Заев им ги нанесуваат на државата и граѓаните.

Заев и СДСМ ќе ги снајде казната токму од македонските граѓани чии одлуки сега не ги почитуваат. ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе ја порази оваа криминална власт на аболицираниот Заев и СДСМ и ќе стори се што е во негова моќ да ја исправи неправдата и да го врати тоа што СДСМ сега го продава. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски