ВМРО-ДПМНЕ: Македонската држава е урнисана, граѓаните понижени

Од:

„Македонската држава е урнисана. Oпштеството е поделено како никогаш досега, а македонските граѓани се понижени. Здравството е руинирано, а директна жртва се граѓаните кои неретко цената за неспособноста на власта ја плаќаат и со своите животи. Аерозагадувањето руши рекорди, проблем за кој СДСМ во предизборието вети експресно решение. Образовниот систем е оставен на милост и немилост и нема ниту еден универзитет на Шангајската листа.

Државата ни тоне во корупција, криминалните тендери и грантови станаа валута за исплата на партиските послушници на СДСМ, Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа според листата на Транспаренси интернешнл.

Економијата е пред колапс, реализацијата капиталните инвестиции минатата година изнесуваше катастрофални 65 проценти, а растот на економијата мизерни 2 проценти, далеку од ветените 5. Власта секојдневно ги задолжува граѓаните, а ММФ посочува дека јавниот долг ја надминал границата од 50 проценти. Државата е на раб на должничко ропство.

Правната држава е укината, Рускоска обвинителството и Кацарска судството служи за политички прогон на неистомислениците на Заев, но и амнестија за криминалите на власта.

Одговорност за сево ова има криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев. Најголема одговорност за црнилата во Македонија има еден човек, Зоран Заев. Црнилата се во лагите и манипулациите , во сите неостварени ветувања на власта, промената на името, идентитетот, јазикот и историјата. Црнилата се во неуставниот Закон за двојазичност.

На граѓаните им е доста од црнилата на СДСМ, на граѓаните им е доста од транзиционите политичари како аболицираниот Заев. Избори мора да има, избори мора да има веднаш за да се стави крај на црнилата и да дојде зората!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат