ВМРО-ДПМНЕ: Македонија заслужуваа претседател кој ќе успее да ја води државата кон нови победи

Од:

„СДСМ и Зоран Заев секојдневно ја растураат Република Македонија. Криминалниот картел се однесува со државата како приватна сопственост.

Заев со неговите штетни и расипнички политики си поигрува со судбината на државата и граѓаните.

Додека граѓаните живеат во беда и сиромаштија, бизнисите на криминалниот картел цветаат. Стандардот на граѓаните е се полош, а платите на граѓаните се далеку од ветените 500 евра. Нема ништо од ветените 100.000 денари плата за лекарите, 600 километри нов автопат, поврат на ДДВ за граѓаните и многу други проекти.

Заев избега од предвремените парламентарни избори бидејќи знае дека убедливо ќе ги изгуби, бидејќи граѓаните за две години видоа само криминалот, корупција, милионските тендери поделени во четири очи, непотизам, насилство, уцена, заплашувања и притисок.

На државата и се случува катастрофа во режија на СДСМ и Заев. СДСМ и Заев ги распродаваат националните и државни интереси на Република Македонија, девалвирајќи го правото и правната држава.

Заев лажно се залага за едно општество за сите, правејќи нови поделби кои ќе имаат трајни последици и ќе доведат до нови конфликти во општеството.

Заев мора да си замине час поскоро.

Република Македонија нема повеќе време за губење. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат да живеат во исправена држава, со достоинство и почит, а тоа е можно само со честит и праведен кандидат за претседател кој ќе ја почитува волјата на граѓаните, законите и Уставот.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат претседател, човек кој ќе успее да ја води државата кон нови победи, бидејќи тие заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски