ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио

Од:

„Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио. Нов ден нови црни бројки од корона епидемијата. Во последното деноноќие регистрирани се 862 новозаболени и 14 нови починати, а бројот на активни случаи се искачи на околу 8.500 лица

Оваа дека подготвени ќе го дочекаат вториот есенски бран, а гледаме дека болничките капацитети се исполнети, граѓаните чекаат со денови да бидат тестирани, здравствениот персонал е исцрпен и демотивиран од властите, речиси целиот здравствен систем ни е во хаос поради лошото менаџирање со состојбите, а нивните мерки се сведуваат на ред апели, ред читање на црни статистики, ред обвинување на граѓаните, опозицијата и слично“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите им се виновни што не знаат да се справат со епидемијата, освен самите тие. За еден месец во Македонија има над 11 илјади нови случаи на заболени и околу 250 починати. Со вакви бројки Македонија е редовно на врвот по црната статистика, а здравствените власти не чувствуваа одговорност.

Сето тоа покажува колку мафијата на власт се грижи за здравјето и животите на граѓаните, колку и какви мерки превземаат епидемијата да се контролира и здравствениот систем да се менаџира“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ