ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се срами од Заев, после неговите навреди останува само едно, оставка

Од:

„Премиерот во заминување, Зоран Заев, е човекот од кој Македонија се срами. Неговата политика на свиткана кичма и пазарење со националните интереси е поразена. Осамен е и исплашен, бидејќи му е јасно дека и неговите сопартијци и сите граѓани ја прочитаа неговата погубна политика и се погласно се спротивставуваат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој во Македонија нема да му дозволи на Заев, за своите лични интереси и задржување на фотељата да тргува со идентитетот, македонскиот јазик и народ, со историјата. Тој го погази достоинството на Македонците и тоа не само на овие што се денес живи, туку и на илјадниците кои ги положиле животите за Македонија. Со кое право ја негира антифашистичката борба, со кое право ја негира македонската борба во илинденскиот период?

Затоа одговорот на народот е жесток и затоа стравот на премиерот во заминување, Зоран Заев, е голем. Народот од него бара прво извинување за навредите кон Македонија, кон народот и историјата, а потоа и оставка.

Оставка на Заев, слобода за народот. Заев или Македонија“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус