ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори со ЕУ, а нема ниту оставка од Заев

Од:

„Зоран Заев продолжува ноторно да ја лаже македонската јавност. Република Македонија ниту ова лето не доби датум за преговори со Европската Унија, а нема ниту оставка и повлекување на аблолицираниот Заев. Заев повторно ги излажа граѓаните како што ги лажеше дека ќе го одбрани македонскиот Устав во преговорите за името, како што лажеше дека ќе си замине доколку не успее референдумот за промена на името.

Зоран Заев веќе доби црвен картон од граѓаните за криминалот, корупцијата и расипништвото. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда ги загубија изборите во 43 општини. Гласот на граѓаните Заев го помножи со нула исто како и за референдумот.

Нема никаква одговорност што секој четврти Македонец живее во сиромаштија. Нема одговорност нитѕ за катастрофата која се случува во земјоделието и економијата. Заев не виде никаква одговорност кај себе за нулата која ја доби од германските инвеститори и потопот на полето на странските инвестиции.

На овој човек единствено му е важно да врват тендерите на Заеви и тие околу него, а одговорноста за катастрофалната состојба во државата и падот на рејтингот на партијата ја префрла на пониските ешалони. Ова е вистинското лице на Зоран Заев.

Централниот одбор на СДСМ мора да собере храброст и за доброто на сите граѓани да му се спротивстави на Заев. Тие не му должат ништо нему туку на Република Македонија и нејзините граѓани.

По вечерашниот состанок на кој ќе се гласа, целата јавност ќе види дали СДСМ како партија ќе одбере да му слугува на деспотот Заев и ќе ги избере неговите послушници во раководните органи во партијата, или ќе покажат дека ја примиле пораката од граѓаните и ќе работат во нивен интерес“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања