ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема потреба од нов Заев, тој и СДСМ се плашат од Силјановска

Од:

Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. На граѓаните им е преку глава од понижување и обесчестување на државата, граѓаните сакаат претседател кој ќе ги брани нивните интереси, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на премиерот Зоран Заев.

„Очигледен е стравот кај Зоран Заев и СДСМ од Гордана Силјановска Давкова, личност со интегритет и капацитет  да ја води државата, нешто што го докажала низ годините со нејзината професионалност.

Зоран Заев и луѓето околу него немаат капацитет да го обединат општеството, напротив тие само го разделуваат. Две години потрошија на антидржавни закони и договори, кои само го разединија општеството и граѓаните.

Заев и СДСМ се синоним на поделнби и штетни политики. Заев и СДСМ  треба да си заминат. Овие луѓе неможат да бидат додадена вредност за Република Македонија, со СДСМ државата само тоне“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал