А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија гори, на СДС око не му трепнува

by А1он11/08/2017 - 09:2411/08/2017 - 14:11119
Share0

„Македонија гори, а на СДС око не му трепнува. Си тераат одмори, а од лежалка, под чадор, проблемите и стравот на граѓаните изгледаат помали од зрно песок на морските плажи. СДС не го интересира тоа што горат илјадници кубни метри шума. Не го интересира што горат куќи и имот кои граѓаните со пот ги заработиле. Не го интересира тоа што се загрозени села и манастири. СДС го интересира само реализирање на антидржавната агенда и летниот провод.

Следете a1on на Instagram Instagram

Затоа граѓаните сами се борат со огнените стихии, а самоорганизираните доброволци се единствената надеж во спречување на катастрофалните последици.

Влада на СДС ја нема на терен. Министерот за земјоделие мистериозно го снема од земјава покажувајќи целосна негрижа за шумите. Министерот за внатрешни работи се посвети на целосна партизација па новопоставените послушници не може да откријат и санкционираат сторители на ниту еден случај на подметнат пожар. Земјата гори. Десетици пожари се активни, а не е откриен ниту еден сторител. СДС свесно испраќа порака дека секое однесување кое е на штета на граѓаните, кое го доведува во опасност нивниот живот, здравјето и имотот, може да мине неказнето.

Владата на Заев ги игнорира настанатите пожари кои периодов уништуваат се пред себе. Поради слабата интервенција и неспособноста на владата на Заев ниту еден пожар не е локализиран на време со што е предизвикана ненадоместлива штета.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пратениците од СДС по налог на нивниот шеф Заев бегаат од дебата во Собранието на Република Македонија за настанатите пожари кои ја зафатија цела држава. Бегаат затоа што не сакаат да слушнат што мислат граѓаните и кои се нивните потреби.

За неполни три месеци од владата на СДС излезе на виделина нивната неспособност и негрижа за проблемите и потребите на граѓаните.

Неспособниот СДС и Заев не чувствуваат никаква одговорност за да ги редуцираат или надоместат штетите кои настанаа од пожарите.

Додека Заев и СДС уживаат во фотелјите и трошат народни пари, поради нивна негрижа и неажурност загрозени се здравјето и животите на граѓаните, како и животната средина.

Граѓаните не можат да ја трпат неодговорноста и негрижата на СДС. Граѓаните заслужуваат да живеат спокојно и мирно.

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимиран од страна на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 12:28

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 11:1905/08/2026 - 11:22

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски04/08/2026 - 12:2704/08/2026 - 13:51

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски04/08/2026 - 09:5204/08/2026 - 11:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео