ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заглавена во криза бидејќи СДС сака да ја измами изборната волја на граѓаните

Од:

„Обврските на СДС кон нарко-мафијата што им помагаше на изборите и кон сите кои го негираат македонскиот идентитет, никогаш нема да бидат прифатени од народот.

Ниту граѓаните, ниту државата нема да прават отстапки само заради тоа што криминалецот Заев ги прифатил сите уцени.

Криминогеното раководство во врвот на СДС за да се спаси од затворски казни за бројните криминали подготвено е да дојде на власт по секоја цена, независно што тоа значи целосно реализирање на Тиранската Платформа.

Криминалецот Заев за да ги покрие своите криминали од Поткуп, Пуч, Цареви кули, па се до изборните измами тргуваше со највисоките државни и национални интереси.

Тиранската Платформа која му е скроена на Заев значи целосна двојазичност, промена на државните симболи, промена на името по грчки терк, федерализација на државата и нејзина дисолуција во последна фаза.

За да формира Влада и да се спаси себе си од кривичен прогон Заев молкум ја проголтува секоја антидржавна изјава на Зијадин Села, кој Македонците ги прогласи за непостоечка нација, а државните симболи на Македонија не ги признава и сака да ги смени.

Заев молкум ја одобрува и секоја антидржавна изјава на Еди Рама, човекот кој му ја спакува Тиранската Платформа.

Македонија е заглавена во криза затоа што СДС сака да ја измами изборната волја на граѓаните и да го занемари гласот на мнозинството граѓани кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ.

Нови парламентарни избори заедно со локалните се најефективното решение за излез од кризата. На тие избори граѓаните ќе имаат реална можност да кажат што мислат за Тиранската Платформа и планот на Заев да ја редефинира државата.

СДС знае дека ќе биде казнет на избори од граѓаните и заради тоа почна и насилно да се пресметува со нив.

Граѓаните гледаат што и прави криминалното здружение СДС на државата и заради тоа се во толкав голем број на улиците во градовите низ Македонија. Тие со право се чувствуваат постизборно измамени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања