ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на дното на Балканот и во Европа по економскиот раст и привлекување на инвестиции

Од:

„Економијата во Македонија тоне. Заради неспособната владата на СДСМ на чело со неекономскиот тим, државата ги доживува најцрните денови. Македонија е на дното на Балканот и во Европа по економскиот раст и привлекување на инвестиции. Нема просечна плата од 500 евра. Над 500.000 луѓе во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата додека СДСМ троши по еден милион евра за реклами.

СДСМ единствено се грижи за своите бизниси додека македонскиот граѓанин гладува. Огромни 70 % од граѓаните во државата земаат плата помала од просечната. Младинската невработеност е една од највисоките во Европа и регионот со 35% додека во некои општини во Македонија изнесува и до фрапантни 80 %. Долгорочната невработеност кај младите изнесува и до 40 % што значи дека младите во просек едвај наоѓаат работа и по три години од дипломирањето. Над 70 % од младите сакаат да се иселат од државата.

СДСМ донесе само неуспех и уназадување како на економијата така и во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за обновата да почне“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава