ВМРО-ДПМНЕ: Личните трагедии да не се користат за политички цели

Од:

СДСМ продолжува на крајно нечовечки начин да ја злоупотребува трагедијата со цел да добие некој ситен партиски поен, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ оваа некрофилска политика на СДСМ е резултат на безидејноста која владее во оваа партија.

Апелираат до СДСМ да не користат лични трагедии за политички цели, бидејќи тое е крајно безобразно и политички долно однесување.

– СДСМ свесно со обвинувањата фрла кал врз Армијата на Република Македонија која со години има и гради доверба и кај народот, но и кај нашите партнери во НАТО, се наведува во реакцијата и се додава дека тоа говори за немањето на државнички капацитет во СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сите политички одговорни субјекти треба да се однесуваат сериозно во вакви моменти и да не дозволат со своето делување или јавно искажување на ставови да им нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.

Ги повикуваат институциите да ги расветлат сите околности под кои се случи ова убиство со цел да се спречат злоупотреби за политички цели, какви што прави СДСМ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче