Лицемерно е СДСМ да зборува за програма за помош на социјално ранливи категории. СДСМ и нивните погубни политики во минатото се битен фактор во создавањето на сиромаштијата во земјава. Дури и кога нешто се правеше од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поддршката на социјалните категории граѓани тие на неколку пати претходно застанаа контра овие мерки.
Тоа го наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на опозициската СДСМ од каде побараа воведување програма за минимален приход.
ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека криминалната приватизација која ја реализирала Владата на СДСМ била двигател во разорувањето на средната класа во Македонија и осиромашување илјадници граѓани. – Точната бројка се 200.000 затворени работни места во времето на СДСМ. На овие луѓе благодарение на СДСМ им беше одземен изворот на средства за егзистенција, беа исфрлени на улица, на милост и немилост на судбината. Тие создадоа една тешка ситуација за која ке треба многу време и труд за да се поправи. Но, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена и ќе работи на тоа да се поправи ситуацијата. Добро е што владата на ВМРО ДПМНЕ е успешна во своите политики, што во земјава доаѓаат странски инвеститори, што се отвораат нови работни места. Овие седум години отворени се 120.000 нови работни места, а проектирано е да се отворат уште окулу 47.000 следните четири години. Сметаме дека ова ќе ја санира штетата која ја направи СДСМ, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека гледаат лицемерие на СДСМ во тоа што говорат дека ќе ја зголемат социјалната помош, дека ќе направат програма за помош на сиромашните граѓани, а кога се носел буџетот отворено застанале и против покачувањето на социјалната помош и пензиите, а исто така зборувале против мерката за еднократен отпис на долговите.
Ова, нгласуцва ВМРО-ДПМНЕ, е контрадикторно. Значи ако сакате да им помогнете на социјалните категории граѓани така што ќе ја зголемите паричната помош, зошто зборувате контра актуелните мерки кои веќе го прават она за што се залагате. Во време на ВМРО ДПМНЕ социјалната помош е зголемена за 47,1 отсто, пензиите за 62 отсто, а следната година е предвидено уште едно ново зголемување на овие две категории за 5 отсто, наведува ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на останатите преземени мерки во насока на борба против сиромаштијата.