ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на СДС, не дозволува поставување на фотоволтаици на ЈП во Прилеп и затоа е директно одговорна за новите цени на услугите

Од:

„Клептоманската СДС е најодговорна за катастрофалната состојба во државата. Ја покачија струјата за 50 % за домаќинствата, а од 500 до 700% за компаниите. Во исто време стапката на инфлација достигна рекордни 16%, што е двојно повисока стапка од европскиот просек и далеку највисока во споредба со земјите од регионот. Тоа се главните причини поради кои граѓаните осиромашуваат. Околу 500.000 лица во Македонија живеат во сиромаштија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„СДС наместо лицемерно да пишува соопштенија за новите цени на комуналните услуги во општина Прилеп, треба да даде одговори зошто нивната влада со месеци одбива да им излезе во пресрет на јавните комунални претпријатија. Јавните претпријатија во прилеп, се соочуваат со огромни трошоци за работа, што е резултат на неодговорноста и неслухот на владата на предводена од дезертерот Ковачевски.

Имено компаниите во Прилеп плаќаат и до 700% поскапа електрична енергија и двојно поскапи цени за горива во споредба со минатата година. Овие енергенси се основни во работата на јавните претпријатија со цел непречено да им се обезбедат услуги на граѓаните. Покачувањето на цените на услугите се минимални во споредба со трошоците, со цел да не се загрози стандардот на жителите на Прилеп. Конкретно, цената на водата е определена врз основа на рамката дадена во одлуката на регулаторна Комисија на чие чело се наоѓа кадарот на СДС Марко Бислимовски. Дополнително, за да не се предизвика ценовен шок за граѓаните, јавните претпријатија со максимално штедење па дури и рационализацијата на бројот на вработени, успеаја да заштедат средства за да не биде покачувањето на цената на услугите значително поголема.

Дека власта тенденциозно се обидува да ги турне јавните претпријатија во банкрот говори и фактот што Владата на дезертерот Ковачевски три месеци не одговара на барањата на АДКОМ (здружение на даватели на комунални услуги), а во конкретниот случај со Прилеп власта 10 месеци не дозволува јавните претпријатија да постават фотоволтаици со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија.

Доколку владата на СДС излезе во пресрет на барањата на јавните комунални претпријатија цените на услугите ќе останат исти.

Очигледно намерата на дезертерот Ковачевски е да удри по комуналните претпријатија, а со тоа и по џебот на граѓаните“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ