ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерен е ставот на СДСМ за кумановската акција

Од:

Јавноста е сведок на уште еден срамен чин на СДСМ со кое што партијата се обидува да ги потцени граѓаните, понижувајќи ги пред камери дека ништо не паметат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата Максим Димитриевски од СДСМ.

– Како мал не му давале да си игра камај, па сега мора тоа да го изживее“. Ова беше јавно искажаниот став на портпаролот на партијата Петре Шилегов во врска со кумановската акција во која бранејќи ја својата татковина, своите животи ги положија осуммина херои и патриоти. Ова срамно девалвирање на храброста и пожртвуваноста на полициските специјалци беше јавно изречено на денот на акцијата, на 9-ти мај, не водејќи сметка за семејствата на починатите или повредените, се вели во соопштението.

Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека СДСМ додека беа на власт дозволија неколку месеци, вооружена група од Кондово да го држи Скопје во заложништво.

– Стратегијата да се потпалат страстите и да се предизвика сомнеж во професионалното постапување на полицијата преку инсинуации за прекумерна употреба на сила врз цивили не успеа. Лицемерието и лажната грижа прикажани денес и во минатото се доказ за тоа, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус