ВМРО-ДПМНЕ: ЛДП имаше можност да обезбеди бесплатен превоз

Од:

„ЛДП како партија од своите редови имаше градоначалник на град Скопје два мандати. Иако имаше можност цели два мандати не се обезбедија ниту бесплатен превоз за било која категорија на граѓани, ниту се направи некое позначајно обновување на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие.

– Сите ги паметиме старите автобусите кои се користеа, а беа од минатиот век”, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ, на укажувањето на Либералдемократите дека наместо скап блиндиран мерцедес од 600.000 евра власта треба да обезбеди бесплатен превоз за сите студенти.

„ЛДП или нема квалитетни идеи или нема за што друго да го обвини Коце Трајановски. Сега Скопје се гради и унапредува. Денес граѓаните на Скопје се возат во нови автобуси. Целосно е обновен возниот парк на ЈСП. Набавени се нови градски автобуси од кои 136 двокатни, 80 нископодни и 16 мини автобуси и сите овие се со високи еколошки стандарди. Обезбеден е и бесплатен превоз и тоа за сите пензионери секој вторник и петок”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?