ВМРО-ДПМНЕ: Лажните душегрижници се во опозиција

Од:

СДС секојдневно пишуваат празни соопштенија, а денес повторно говорат за образованието, небаре го препородија па сега нешто не чини. За појаснување, од новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има и во средните училишта, благодарение на законското решение предложено од Владата, чекор кон поголема инклузивност во образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ангажирањето е транспарентно и не го врши МОН, туку самите училишта со ресурсни центри, дел од кои беа поставени токму од СДС. Асистентите се ангажираат на определено време, според реалните потреби пријавени од родителите и секоја година аплицираат повторно. СДС постојано задира ранливи теми и со лажни вести предизвикува вознемиреност. Но, тоа нема да помине. Лажните душегрижници се во опозиција. Затоа го молиме СДС, кој го остави образованието без учебници, да учи како се развива образованието и да го поддржува истото, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?