ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Заев нема да го покријат фактот дека се одржаа најкриминалните избори досега

Од:

„Ова се први избори во кои што беше убиен директен учесник во изборниот процес. На кандидат за градоначалник му беше скршен черепот, а секојдневно пристигнуваат сведочења за закани со оружје, заплашувања и поткуп. Десетици штабови беа демолирани, а криминалци ослободени од затвор беа целосно вклучени во кампањата на СДС. Гласачки листови од едни општини беа наоѓани во други и десетици записници откриваа докази за таканаречениот бугарски воз.

Лагите на Заев нема да го покријат фактот дека се одржаа најкриминалните избори досега. ДИК беше ставена под целосна партиска контрола, а нејзините членови кои не ги слушаа наредбите на Заев беа заплашувани со пријави и обвиненија од СЈО.

Ваквите криминали еден ден ќе се истражат, документираат и за нив ќе има одговорност. Кавадарци ќе има можност да го даде својот глас против криминалот и лагите на Зоран Заев на 29 октомври.

Неспособната власт на СДС ја урниса македонската економија за четири месеци. Сите индикатори се во надолна линија, нови странски инвестиции нема, а Заев уште ги лаже младите со измислената младинската гаранција.

Младите од Кавадарци може да му кажат вќе следната недела што мислат за ваквото потценување“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените