ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Од:

Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата. Лага е дека се стопирани средствата. СДС лаже за да добие ситни политички поени. Нивните лаги веќе не поминуваат ниту кај малите деца. Средствата од ИПАРД III Програмата не се суспендирани од страна на Комисијата. Повеќе пати е потенцирано дека од страна на Европската Комисија е поздравена одлуката за привремен прекин на плаќањата. Институциите работат во разрешување на случајот, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Веднаш по завршување на проверките и контролите, ќе се продолжи со реализација на ИПАРД III Програмата. СДС ги боли што институциите работат и преземаат активности согласно нивните надлежности, тоа што беше мисловна именка во нивно време. Решителноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да расчистува со криминалот е јасна и недвосмислена, секој што се огрешил пред законот ќе одговара. А, СДС нека гледа како се работи, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците