ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Граѓаните заслужуваат изградба на целосна комунална инфраструктура

Од:

Величковска Цветанка од ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска во изјава за медиумите побара асфалтирање и приклучок на канализационата мрежа на населбата Перо Чичо.

„Се наоѓаме во населбата Перо Чичо, месност Гладно Поле. Како што може да се забележи, тука животот на граѓаните е отежнат и дополнително искомплициран од неодговорните служби на градот Куманово и градоначалникот Дамјановски.

Со години бараме асфалтирање на улиците и приклучок на канализациона мрежа, но по се надлежните немаат слух. Укажувањата до локалната власт стануваат пракса во овој град, на која нема одговор ниту било каква реакција. Граѓаните тука редовно си ги плаќаат своите сметки кон општината и комуналните претпријатија. Затоа заслужуваат изградба на целосна комунална инфраструктура уште години наназад кога почнале да ги градат своите домови. До сега не е ништо направено!

Градоначалникот не го засега тоа што граѓаните се дават во кал. Тука на поголем дожд се формира блато каде што и автомобилите тонат. Децата не може да се играат низ маалото, прошетките се оневозможени.

Повторно го потсетуваме градоначалникот, воедно и прашуваме. Што стана со именувањето и нумерација на улиците во Гладно поле? Жителите се соочуваат со огромни проблеми при вадење на личните документи, примање и праќање поштенски пратки и слично.

Очигледниот неинтерес на градоначалникот и неговите локални функционери на СДС кај граѓаните предизвикуваат бурни реакции. Ветувањата пропаднаа, граѓаните останаа измамени и измануплирани. Начинот на кој постапуваат со граѓаните и дадените ветувања говори за тоа каква партија е СДС, неодговорни и насилни.

Граѓаните долго време ја трпеа вашата неодговорност, изборите се ближат“ изјави Величковска Цветанка од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка