ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДСМ и ДУИ чини животи, после 15 дена нема одговори и одговорност за 45 жртви во изгорениот автобус

Од:

„Поминаа 15 дена од стравичната катастрофа со автобусот на Беса Транс, а од власта нема ниту одговори, ниту одговорност. Власта на Заев ја замајува јавноста со театри, наместо да понесе одговорност за смртта на 45 лица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на СДСМ и ДУИ молчи како е возможно без извод од лиценца автобусот на Беса Транс да патувал 140 пати на меѓународни тури. Молчат и за тоа ккао е возможно на кобното патување автобусот воопшто да не бил внесен во системот на Царина.

Нема одговри ниту за злоупотребите на регистарските таблички, ниту за тоа кој ја дал хомологацијата, ако се има предвид дека автобусот бил репариран и со зголемен капацитет на 54 патници. МВР, Царина, надлежниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и дузина институции се одговорни за низата пропусти и злоупотреби поради кои настана несреќата. Затоа институциите си играат пинг понг со одговорноста исто ккао и со трагедијата со тетовската болница.

Неодговорноста и криминалот на власта на СДСМ и ДУИ чини животи. Нивното лицемерие се гледа во нивните лица“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му