ВМРО-ДПМНЕ: Криминално рекетарската влада на Заев и Спасовски пред заминување влезе во огромен скандал

Од:

„Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и Оливер Спасовски пред заминување влезе во огромен скандал.

СДСМ, Заев и Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи. Скандалозниот тендер тежи околу 20 милиони евра, а целата постапка е надвор од законските процедури.

Имено, според планот на набавка на пасоши и лични документи во МВР, во 2019 година биле предвидени средства во висина од околу 7 милиони евра. Веднаш потоа истата фирма и единствен понудувач „Веридос“ бара сума од околу 20 милиони евра, сума која што е обезбедена од криминално рекетарската влада на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За тоа дека целата постапка е криминална докажува и фактот што Договорот за рамковната спогодба во висина од 19.681.666 евра е склучен на 05.12.2019 година, а одлуката за избор и извештајот за постапката за оваа јавна набавка се склучени и архивирани на 06.12.2019, односно еден ден подоцна откако е склучена рамковната спогодба од страна на МВР со фирмата „Веридос“.

Дополнително на ова, во текот на постапката се менуваат и членовите Комисијата за набавка на тендерот по теркот на СДСМ за да го аминуваат криминалното работење на Спасовски и Заев.

СДСМ, Заев и Спасовски свесно ги прекршуваат сите законски норми на сметка на лично богатење. Криминал, рекет, уцени, закани, поткуп се одлика на владеењето на СДСМ, Заев и Спасовски.

Јавното обвинителство трет ден молчи за овој скандал тежок околу 20 милиони евра.

СДСМ, Заев и Спасовски се во спрега со јавното обвинителство газејќи го правниот поредок и владеењето на правото во Република Македонија.

Ова е сериозен случај кој мора да добие правна разрешница. Јавното обвинителство мора да собере храброст и да постапи по допрен глас.

Зоран Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалиите. На 12-ти април следува одговорност. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче