ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната коалиција Заев – Ахмети е новото цунами во државата

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција за денешната промовирана коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, за која велат дека е продолжување на старите навики на криминал и корупција.

„Единствениот и најголем именител на коалицирањето се криминалот и лагата. Ќе потсетиме дека Заев за ДУИ пред изборите рече дека 5 пари не вредат, а ДУИ за СДСМ рече дека се криминалци. Значи државата ќе добие влада која 5 пари не вреди и која е криминална. Што се однесува до укинувањето на Пржинската влада и премиер Албанец, самиот Пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор кој беше гарант на тој модел да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада. Оттука се работи за уште една нова спектакуларна лага на двајцата лидери која има за цел да се отргне вниманието на крими коалицијата која ќе ја формира владата. Оние кои 4 месеци на оглас откриваат кој ја гради дивоградбата во Мавровка која никне пред очите на целата јавност сега ќе управуваат со буџетот на сите, ќе ја злоупотребуваат и крадат иднината на сите. Ваква крими коалиција е новото цунами во државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал