ВМРО-ДПМНЕ: Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април

Од:

„Крајот на Луј Витон судството е на 12-ти април. На 12-ти април завршува неправдата и нарачаните процеси од Зоран и Вице Заеви.

Слугите на крими-картелот Заеви во јавното обвинителство и во судот ќе мора да понесат одговорност за злоупотребите, рекетот и политичкиот прогон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Залуден е маршот и последниот обид на Заев да изврши дополнителен притисок врз судството.

Заев не може да ги оправда криминалот, корупцијата и рекетот. Граѓаните не сакаат држава во која функционерите ќе уживаат во неказнивоста.

Маршот на Заев е марш за нови амнестии. За амнестија за Зоран и Вице Заев, Венко Филипче, Драги Рашковски, Боро Марлборо, Курто Дудуш и редица други криминални функционери на власта.

Неказнивост нема да има. Одговорност ќе има за сите. По 12-ти април следува правна разрешница за сите криминали и неправилности“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот