ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски знаел и дозволил формирање на клубот Ванчо Михајлов, се друго е фарса приредена откако народот крена глас

Од:

„Ковачевски знаел и дозволил формирање на клубот Ванчо Михајлов, се друго е фарса приредена откако народот крена глас. Ковачевски нема ништо против клубот Ванчо Михајлов, тој и го дозволил неговото формирање, и знаел за доаѓањето на Петков. Тој и 5 дена молчеше во надеж дека ќе стивнат реакциите на јавноста. Откако владата виде дека народот нема да дозволи фашизам Ковачевски излезе да изглуми загриженост во однапред снимено видео“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски наместо да глуми загриженост треба да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Доколку владата продолжи со игнорантскиот однос, срамните настани ќе продолжат. А, тоа е се резултат на бегањето од национално единство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ